23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНокиа со нови четири модели

Нокиа со нови четири модели

nokia 1

Финската компанија Нокиа, денеска претстави четири нови модели, а меѓу нив се најдоа телефони со „Windows Phone 8“, но и обични мобилни телефони.

Нокиа „Lumia 720“ е телефон од средна класа според цената, но од компанијата велат дека има најдобра камера од сите конкуренти.

Телефонот има 4.3 инчен „ClearBlack WVGA LCD“ екран, 512MB RAM меморија, 8GB интерна меморија, камера со резолуција од 6.7 мегапиксели со авто-фокус, LED блиц и Carl Zeiss оптика.

Ќе биде достапен во црвена, жолта, сина, црна и мат-бела боја, а пак цената е 249 евра.

„Lumia 520“ е најдостапен WP8 уред, со почетна цена од 139 евра. Телефонот има 4 инчен IPS LCD WVGA екран, 512MB RAM и 8 GB интерна меморија. Камера со резолуција од 5 мегапиксели, а е достапен во жолта, црвена,сина, бела и црна боја.

Покрај овие, Нокиа ги претстави и 105 чија цена е 15 евра, како и Нокиа 301 која има камера со резолуција од 3.2 мегапиксели, но и 3.5G интернет и Nokia Xpress Browser, кој овозможува штедење при сурфањето и нејзината цена е околу 65 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП