28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали работата ви зависи од годините?

Дали работата ви зависи од годините?

stari1

Постојат професии кои можат да се работат до 101 година, но исто така и професии во кои се оди во пензија на 33 години. Ако сте преминале одредена возраст, тоа не мора да значи дека сте физички или ментално неспособни за вршење на работата. Можеби треба само да го промените вашиот работодавец.

Некои постари работници се жртви на дискриминација, а некои остануваат како волонтери на своите работни места, само за да го задржат чувството на корисност.

Како да знаете дали сте престар за некоја работа?

Тешко да се одговори на ова прашање, и експертите се согласуваат. Некои сектори се отворени за постарите работници, но некои не се.

Оценете го вашето занимање

Полесно е да се биде 80-годишен новинар, отколку 80-годишен возач на автобус. Докторите, адвокатите, сметководителите, или мажите и жените кои работат во сопствена фирма водат сопствен бизнис, се со поголема веројатност да работат полно работно време и покрај возраста. Предност на оваа работа е тоа што самите може да си ги одредуваат условите и работното време.

Како што поминува времето, статистиките покажуваат дека се помал број на луѓе се пензионираат околу шеесетата година. Во 1985 година 18% од нив работеле, а во 2012 година работеле дури 29%.

Уверете ги другите дека можете

Прашањето е дали постои време кога не може да се врши работата со полн капацитет, односно да се работи со полно работно време. Истражувањата покажуваат дека две третини од постарите работници се соочуваат со дискриминација на работното место кога се во прашање годините. Повеќе се бараат помлади, и од таа причина на постарите лица потребно им е повеќе време за да најдат нова работа, па дури и во компаниите кои се претстават себеси како подготвени да ангажираат постари, по цена на нивното искуство.

Повеќето работодавци се плашат дека постарите работници можат да бидат помалку компетентни кога станува збор за технологија, дека имаат потешкотии да научат нови работи, и дека нивните трошоци за здравствена заштита може да бидат поголеми, ако тие се вклучат во некоја работа.

Инвестирање во искуството

Ако некој има 50 години, не е стар за работа, вели директорот на компанијата „Deborah Russell“, тврдејќи дека тоа лице може да работи уште минимум 15 години, и дека тоа е голема инвестиција во компанијата.

Не ја напуштајте работата

Како постарите работници да се борат против стереотипите и митовите?

Експертите советуваат: ако сакате да работите во пензија, тогаш не одете во пензија. Доколку напуштате некоја работа, обидете се претходно да најдете друга. Технологијата се менува, тоа е факт, и многу е важно да се следат овие промени. Исто така, земете во предвид  дека интервјуата за работа денес, се различни од оние од пред 40 години. Најверојатно ќе треба да разговарате со некој кој е помлад од вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП