Во луксузните одморалишта „Paradisus Resort“, гостите можат да доживеат едно комплетно ново искуство на неизмерен луксуз и безгрижно уживање покрај прекрасните крајбрежја на Доминиканска Република, Мексико и Костарика.
Во овие луксузни хотели секое катче е перфектно смислено и направено за комплетно уживање на посетителите.
Гостите можат да уживаат во секакви услуги. Собите се опремени со LCD телевизор, џакузи, сеф, приватен балкон, комплетно полн мини-бар, кафемат и фантастична спална со вграден аквариум во ѕидот.
Во текот на вечерта се организираат свирки во живо, казината работат постојано, а во дискотеките се прават раскошни забави. Оние пак кои не се по забавата можат да уживаат во салоните за убавина, каде што можат да добијат секакви услуги. Уредување на коса, нокти и кожа, ароматерапевтски бањи, масажи, спа, сауна, биомасажи и многу други третмани.
За храната во комплексот се грижат голем број готвачи, а пијалоците се секогаш од најдобриот бренд.
Тука можете да пробате од азиската, бразилската, италијанската, американската, француската кујна и да уживате во фантастичните вина со висок квалитет.
„Paradisus Resorts“ нуди едно незаменливо „All Incluisve“ искуство, во кое можете да уживате беспрекорно.
Погледнете ги прекрасните фотографии…