19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСедница на Совет на НБРМ

Седница на Совет на НБРМ

nbrm1111

Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница донесе oдлуката за изменување на Одлуката за задолжителната резерва, со која се предвидува продолжување на примената на нестандардната мерка за намалување на основата за задолжителна резерва на деловните банки за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија.

Основна цел на Одлуката, како што е наведено во соопштението на НБРМ, е да се обезбеди натамошна поддршка на двата системски значајни сектора на економијата. При донесувањето на оваа Одлука, Советот се раководел од досегашниот ефект што го имаше оваа мерка врз динамиката на кредитирањето, а со тоа и на целокупниот економски раст.

„Со оглед на тоа што ефектот е позитивен, односно го намали трошокот за финансирање на претпријатијата од двата сектора, но со помал интензитет од потенцијалниот, а имајќи ги предвид податоците што укажуваат на одредена неизвесност околу динамиката на кредитирањето на корпоративниот сектор во следниот период, Одлуката предвидува оваа нестандардна мерка да продолжи да се применува до 31 декември 2015 година“, се наведува во соопштението.

Советот на денешната седница врз основа на предвидениот распоред за издавање ковани пари за колекционерски цели ги усвои одлуките за издавање кована пара за колекционерски цели „Стрелец“ и „Јарец“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованите пари „Стрелец“и „Јарец“, како што велат од НБРМ, ќе бидат во апоени од 10 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП