29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионална конференција „Транспарентност на медиумската сопственост и спречување медиумска концентрација“

Регионална конференција „Транспарентност на медиумската сопственост и спречување медиумска концентрација“

mediumi konferencija

Концентрацијата на сопственоста на медиумите претставува сериозна закана за медиумскиот плурализам, кој, пак, е еден од основните услови за развојот на демократијата и остварувањето на основните човекови права – правото на слобода на изразување. Улогата на државните институции е да обезбедат гаранции дека медиумите ќе ја одиграат својата улога на вистински чувари на демократијата, да „им го расчистат патот“, односно да постават темели на добра медиумска политика, со јасно зацртани цели, мерки и активности во регулирањето на медиумскиот сектор.

Ова го истакна заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, која денеска во Скопје ја отвори регионалната конференција „Транспарентност на медиумската сопственост и спречување на медиумска концентрација“, во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Обраќајки се пред учесниците таа истакна дека во Република Македонија прашањата во врска со сопственоста на медиумите, недозволената медиумска концентрација и транспарентноста на медиумската сопственост се регулирани со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во Законот за медиуми, кои стапија на сила во јануари годинава.

„Важно е да се напомене дека во последните два извештаја за напредокот на Република Македонија, Европската комисија констатираше напредок и на ова поле, и тоа во Извештајот за 2012 година, во однос на зголемениот број истражени случаи на недозволена медиумска концентрација, а во Извештајот за 2013, во однос на подобрениот капацитет на регулаторното тело за следење на содржината и надзор на сопственоста на медиумите и концентрацијата“, рече заменик министерката.

На регионалната конференција во Скопје учествуваат претставници на регулаторните тела за медиуми, ресорни министерства, парламентарни комисии, како и невладини организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и од домаќинот Македонија. Теми на кои ќе дискутираат се важноста на обезбедување транспарентност на медиумската сопственост, за правната рамка и тековните практики поврзани со ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП