Фудбалерот на Челзи, Рамирез може да ја продолжи кариерата во европскиот клупски шампион Реал Мадрид, соопшти британскиот весник „Дејли Мирор“.
Според весникот, иницијативата за купување на 27-годишниот бразилски фудбалер е на тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по чие инсистирање Рамирез премина во Челзи во 2010-та година за 22 милиони евра.
Сега Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Челзи 30 милиони евра за Рамирес во зимскиот трансфер прозорец, пишува „Дејли Мирор“.
Во оваа сезона Рамирез играше во дресот на Челзи на 4 натпревари од Премиерлигата, а притоа постигна 1 гол и направи 3 асистенции.