18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOва е одговорот на Samsung на iPhone 6

Oва е одговорот на Samsung на iPhone 6

alfa samsung 2233

Кон крајот на оваа недела, во петок 26-ти септември, „Samsung“ ќе претстави нов модел, кој веќе традиционално излегува веднаш по најновиот модел на најголемиот ривал, „Apple“.

Така и оваа година, помалку од еден месец откако „Apple“ ги претстави верзиите на „iPhone 6“, „Samsung“ подготви нов уред кој многу технолошки медиуми го нарекуваат „најубав телефон досега“.

Новиот модел, „Galaxy Alpha“, на крајот на овој месец ќе може да се купи со договор на американскиот телеком оператор „AT&T“, a нарачки за негово купување веќе може да се реализираат.

Цената за американскиот пазар со двегодишен договор изнесува 200 долари. За истата цена и истите услови може да се купи и „iPhone 6“.

Елегантниот „Alpha“ има екран со димензија од 4.7 инчи, со што е идентичен со неодамна претставениот „iPhone 6“, но и помал од „Galaxy 5S“, чиј екран има дијагонала од 5.1 инчи.

Овој паметен телефон ќе има „HD AMOLED“ екран кој овозможува гледање на видео записи во висок квалитет.

По уредите „Note 4“ и „Note Edge“, кои се меѓу првите фаблети на „Samsung“ со метално куќиште, „Alpha“ ќе биде првиот паметен телефон чие куќиште нема да биде пластично.

Покрај батеријата од 1.860mAh, „Samsung“ вели дека само со 10 проценти од моќта, телефонот може да работи цел ден, да прима повици и пораки.

„Samsung“ особено ја истакнува можноста за заштеда на батеријата, наречена „Ultra Power Saving Mode“, со која телефонот ги гаси сите апликации освен суштинските, т.е. екранот се менува во црно-бела верзија.

Опремен е со 12 мегапикселна задна камера, 2.5 GHz „quad-core“ процесор и има 32GB интерна меморија, а смартфонот може да се нарача во три бои: црна, бела и златна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП