19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова казна за Barclays

Нова казна за Barclays

barclayskljp9iubank

Британските финансиски регулатори ја казнија банката „Barclays“ со речиси 48 милиони евра поради ризичното работење со средствата на своите клиeнти.

Британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектор (FCA) и ја наметна на „Barclays“ досега најголемата казна поради проблематичното работење со средствата на клиентите вредни 16,5 милијарди фунти во периодот од крајот на 2007 до почетокот на 2012 година, пренесува агенцијата Франс прес.

„Банката пропуштила на соодветен начин да ги заштити средствата на своите клиенти, поради што тие биле под ризик од дополнителни трошоци, каснења при исплатите, па дури и загуба на средствата во случај на несолвентност на банката“, наведува „FCA“, додавајќи дека непочитувањето на прописите од страна на „Barclays“ е неприфатливо, одобено земјќи ги во предвид бројните предупредувања упатени кон целокупната банкарска индустрија.

„Barclays“ започна со обемно реструктуирање по скандалот околу местењето на меѓубанкарската каматна стапка Либор од 2012 година, кое ја загрози репутацијата на банката. Банката во наредните две години планира да го намали својот инвестициски сектор и на ниво на групацијата да угаси 19.000 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП