24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИсториска реконструкција во Philips

Историска реконструкција во Philips

philips ss

Холандскиот производител на електрични и уреди за домаќинство, „Philips“, соопшти дека ќе го одвои секторот за производство на медицинска опрема и апарати за домаќинство од секторот за производство за осветлување. Тоа претставува драматичен чекор во работењето на 120 години старата компанија.

„Го подготвуваме „Philips“ за следниот век. На нашиот бизнис со осветлување преку автономија ќе му овозможиме да ја зајакне својата позиција како глобален лидер и да ги искористи новите пазарни можности. Јасно ни е колку оваа одлука е голема, но време е за следиот стратешки чекор“, изјави извршниот директор на компанијата Франс ван Хоутен.

Акциите на холандската компанија забележаа раст од 3.26 проценти или на 24.27 евра по објавувањето на вестта.

Двете нови компании ќе работат под името на „Philips“ и ќе имаат седиште во Холандија. Секторот за производство на медицинска опрема, „HealthTech“, минатата година оствари приходи од 15 милијарди евра, а секторот за производство на светилки и осветлување, седум милијарди евра.

Вредноста на „HealthTech“ се проценува на повеќе од 100 милијарди евра, а на секторот за осветлување околу 60 милијарди евра.

Компанијата „Philips“ е основана во 1891-ва година и вработува близу 112.000 луѓе ширум светот. Поделбата на компанијата доаѓа откако германскиот технолошки гигант „Siemens“ минатата година го одвои работењето на својата филијала за производство на светилки „Osram“.

„Philips“, „Osram“ и глобалниот пазарен лидер во производство на осветлување, „General Electric“, се соочуваат со силна конкуренција на играчи како што се „Samsung“ и „LG“ во време кога пазарот се насочува кон штедливите светилки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП