28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната: Можеби не е криза, но не е добро

Еврозоната: Можеби не е криза, но не е добро

evrozonata559

Деловната активност во 18-члената еврозона продолжи да забавува во септември, зголемувајќи ја загриженоста дека ионака слабиот економски раст на регионот забавува.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) кој го пресметува Маркит, овој месец се намали на деветмесечен минимум од 52,3 на 52,5 поени во август, пренесува агенцијата Франс прес.

„Податоците укажуваат дека слабостите на економијата сеуште не исчезнале, а со забавувањето на растот на производството и побарувачката, вработеноста ни овој месец не е значително зголемена“, изјави економистот на Маркит, Крис Вилијамсон, додавајќи дека слабата побарувачка го зголемува притисокот на цените и ризиците од дефлација, односно континуираниот пад на цените, поради кој купувачите го одложуваат купувањето, надевајќи се дека цените дополнително ќе се намалат.

Маркит наведува дека ПМИ во услужниот сектор на еврозоната во септември е намален на 52,8 од 53,1 поени во август, додека во производствениот сектор индексот мируваше на 51 поен, при што секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторските активности.

„Економијата на еврозоната и понатака е во проблеми во рамките на геополитичките тензии кои влијаат на довербата и работењето во ионака тешките пазарни услови. Загриженоста околу Украина, санкциите воведени кон Русија и внатрешните економски тензии во еврозоната се повеќе ги загрозуваат перспективите за раст, наведува Хавард Арчер од компанијата „ИХС Глобал Инсајт“, додавајќи дека економијата на монетарната унија во третиот квартал ќе порасне во најдобар случај за 0,3 проценти, со добри шанси растот дополнително за забави во четвртиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП