25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota C-HR најавува нов компактен кросовер

Toyota C-HR најавува нов компактен кросовер

c-hr

„Toyota“ ги објави првите фотографии од новиот концепт „C-HR“ кој ќе има премиера на авто-саемот во Париз. Покрај тоа што претставува најава за продукциска верзија на нов кросовер, концептот треба да понуди увид во дизајнерскиот јазик кој „Toyota“ ќе го применува на идните сериски модели.

Надворешноста на концептот „C-HR“ ја карактеризира ниска спортска силуета на купе-кросовер, преголеми тркала, необични тесни „LED“ фарови и големи стоп светла во форма на бумеранг, исто така со „LED“ технологија.

„Toyota“ засега не соопшти повеќе детали за моторот, освен дека станува збор за хибриден погонски систем.

c-hr1

Се очекува дека по премиерата во Париз, „Toyota“ ќе продолжи да работи на серискиот модел, кој секако ќе има конвенцијален дизајн и кој би требало да биде дел од семејството на моделот „Auris“, a се шпекулира дека би можел да ја добие ознаката „Auris Cross“.

Во однос на прикажаниот концепт, продукциската верзија ќе има и 5 врати и би била позиционирана под моделот „RAV4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП