29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.09.2014

Дневен хороскоп 23.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес комплетно ќе им се посветите на размислувањата да ја продолжите соработката со некој Рак, Лав, Вага или Стрелец. Мислите дека најмногу може да ви помгоне некој Лав. Може да бидете прилично нервозни и нетрпеливи, а сето тоа би можело да ви донесе проблеми.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Родените во последните денови од овој знак имаат мислење дека настапило нивното време да обават некој сериозен разговор со некои Риби. Рибите во моментов се вашите најдобри соработници, особено ако и приватано сте во добри односи. Со некој Стрелец и Овен треба да бидете посебно внимателни, тие можат да ви пренесат некои невистинити нешта.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате начин како да го решите проблемот со соработниците но вие тоа не го сакате бидејќи тие лица повеќе пати биле доста непријатни кон вас. Внимавајте во приватниот живот може да кажете некои нешта со кои ќе си ја загрозите иднината, бидејќи партнерот и семејството ќе ве сфатат како незрела и непоправлива личност.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес најверојатно ќе бидете прилично напнати. Ве интересираат нешта кои се исклучително сериозни за иднината. Посакувате некаков одговор за прашањето кое одамна сте го поставиле. Бидете внимателни во контактите со некоја Шкорпија, таа не е искрена со вас.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес во вас ќе владее неспокојството и нервозата. Вие понекогаш знате да бидете екстремни, или се или ништо. Тоа во оваа ситуација ќе ви донесе проблеми за кои подоцна ќе немате решение. Вашиот шеф знае дека вложувате само минимални напори за да ја завршите работата.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Постојано сте окупирани со некои нови обврски или истражувања кои можат да ви донесат популарност, без оглед дали се занимавате со наука или нешто друго. Вие сте доста популарни на вашето работно место иако си мислите дека не оставате толку добар впечаток. Настапува период во кој ќе постојат проблеми во љубовта.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес од вас ќе очекуваат да имате јасен став за многу прашања за кои досега ниту самите не сте размислувале. Ќе добиете некаква понуда од близок пријател кој ќе биде премногу упорен да ве наговори на заедничка соработка. Имајте доверба во него, особено ако станува збор за Риби, Шкорпија или некој Јарец.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можна е добра соработка со Водолија, Вага или Бик. Оние кои ве критикуваат, всушност ќе ви помогнат во процесот да ги исполните сите обврски. Уверени сте дека можете ситуацијата да ја завртите во ваша корист. Внимавајте на финансиите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вие се чувствувате слободни, полни со елан и енергија а не сте сигурни дали ќе можете вашите креативни способности да ги изразите на најдобар начин. Ви претстои одлична соработка со Близнаци или Лав, извлечете го максимумот од неа. Информациите кои ги добивате од некој Бик се искрени, за разлика од оние кои ги добивате од некој Овен.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Конечно малку ќе се ослободите и ќе и попуштите на околината. И во бизнисот и во љубовта најдобро ќе функционирате во пар. Иако сакате со се да се справувате сами, сега ќе ви биде многу полесно ако ја поделите одговорноста. Дозволете и на некоја блиска личност да ви помогне и да ви го олесни животот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ви претстојат неколку големи успеси. Ќе се стремите кон финансиска стабилност и ќе бидете многу одговорни кога станува збор за вашите финансии. Ќе бидете особено дисциплинирани и организирани и со тоа ќе си го намалите стресот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Неспокојни сте бидејќи не сте свесни што и на кого му должите. Потребно е комплетно да ја поправите состојбата, и доколку имате долгови да започнете да ги елиминирате. Ќе имате можност одлично да се промовирате пред странци и да успеете да соработувате со нив, а за сето тоа ќе ви помогнат советите и поддршката од некој Стрелец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП