23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМунир е „мета“ на Баерн и ПСЖ

Мунир е „мета“ на Баерн и ПСЖ

munir 3922

Баерн Минхен и ПСЖ ќе се обидат да „украдат“ големиот талент на Барселона, Мунир Ел Хадади.

Според информациите и двата клуба се подготвени да го платат износот што е запишан во клаузулата за ослободување на фудбалерот. Таа е во износ од 12 милиони евра, што за клубови како нив не претставува никаков проблем.

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола ќе ги активира сите свои контакти за да го привлече младиот фудбалер во редовите на „баварците“.

Во исто време од Барселона веќе најавија дека ќе сторат се за да го задржат Мунир со нов договор. Преговорите меѓу двете страни се очекува да започнат во текот на следните недели.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП