23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да излезете на крај со колегите од пеколот?

Како да излезете на крај со колегите од пеколот?

kolegaodpekolot

Колегите од пеколот се секојдневие, а покрај тоа што мислите дека можеби е подобро да молчите и трпите, размислете уште еднаш дали секој ден на работа сакате да одите со нервоза. Еве три совети како најдобро да излезете на крај со таквите колеги.

1. Разговор

Пронајдете го и решете го проблемот со разговор, и тоа приватен. За такви нешта не ви е потребна публика, туку само вие и колегата со кој имате проблем.

Соочете се со луѓето кои ви создаваат проблеми кои веќе не можете и не сакате да ги трпите.

2. Останете професионалец

Вие и вашите колеги не треба да бидете пријатели, само затоа што се гледате секој ден. Вашите разговори и дружења може да се ограничат на поминатото време во заедничката канцеларија и на зборувањето поврзано исклучиво само за работата. Така ќе постојат помалку потенцијални компликации, поточно емоции, кои би можеле да ги влошат работите.

3. Обратете му се на шефот

Пред ситуацијата комплетно да излезе од контрола, можеби е подобро за се мирно да поразговарате со шефот и да се обидете да му објасните како се чувствувате. Тоа не треба да бидат долги признанија, бидејќи треба да сметате дека можеби ни тој нема време за тоа, но подобро е за се да го известите. Последно што сакате да се случи е тоа малите проблеми да се претворат во големи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП