16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот на новиот Audi A9 ќе има премиера во Лос Анџелес

Концептот на новиот Audi A9 ќе има премиера во Лос Анџелес

a 9 33

Најновите информации за концептот „Audi A9“ се појавија пред официјалното претставување на овој модел кое се очекува за време на одржувањето на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

Овој концепт се уште е во фаза на развој, а компанијата ќе го искористи за претставување на идната стратегија за дизајнирање. Тоа што е познато дека станува збор за купе модел со четири врати кој ќе го одликуваат ласерски светла, како и нова маска.

Концептот исто така ќе дава увид во модел чие претставување се очекува во текот на 2017-та година и ќе биде директен конкурент на моделите „Porsche Panamera“ и „Mercedes CLS“.

Се претпоставува дека ќе биде базиран на „MLB Evo“ платформата, т.е. на него големо внимание ќе има „A8“ за 2016-та година. Се очекува дека во понудата ќе биде со различни мотори, вклучувајќи ги „twin-turbo“ 3.0L V6 и „twin-turbo“ 4.0L V8. Нешто подоцна во понудата ќе бидат и две дизел верзии, меѓу кои се 3.0L V6 и 4.0L V8 моторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП