23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan стартува со производството на луксузни модели во Кина

Nissan стартува со производството на луксузни модели во Кина

infiniti q 50 111

Јапонскиот производител на автомобили „Niѕsan“ соопшти денеска дека формира заедничко вложување со кинескиот партнер „Dongfeng“ за производство на луксузните автомобили „Iinfiniti“ на најголемиот светски пазар за возила.

Партнерството меѓу јапонската и кинеската компанија би требало да ја зголеми вкупната продажба на луксузни модели на „Nisѕan“ на 100.000 дo 2018-та, а половина од тие возила ќе бидат произведени во Кина, рекоа од претставништвото на „Nisѕan“ во Пекинг.

Производството ќе почне во ноември во фабриката во централната кинеска провинција Хубеј и тоа ќе биде третата глобална производна база за моделите на „Infiniti“, по фабриките во Јапонија и во американската држава Тенеси.

„Dongfeng“ е вториот поголемина производител на автомобили во Кина и е во сопственост на државата. Компанијата во мај купи 14.1 отсто од акциите на „Peugeot-Citroen“ за три милијарди евра.

„Niѕsan“ во осум месеци заклучно со август во Кина продаде повеќе од 18.000 автомобили до серијата „Infiniti“, двојно повеќе во однос на истиот период од лани. Во фабриката во Кина ќе се произведува спортскиот седан „Q50L“ и теренецот „QX50“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП