19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома - Стротман може во Јунајтед за 60 милиони фунти!

Рома – Стротман може во Јунајтед за 60 милиони фунти!

kevin strotman2222

Фудбалскиот клуб Рома ќе го пушти својот играч, Холанѓанецот Кевин Стротман во Манчестер Јунајтед за 60 милиони фунти, пренесоа англиските медиуми.

Тренерот на „ѓаволите“ Луис ван Гал долго соработуваше со Стротман во холандската репрезентација и поради тоа сега сака да го доведе на „Олд Трафорд“.

Весникот „Mirror“ пренесе дека Рома го известила Јунајтед дека ќе го пушти Холанѓанецот за 60 милиони фунти, а и дека 24-годишниот фудбалер се согласил да се пресели во Англија.

Англискиот гигант во текот на летниот преоден рок потроши повеќе од 150 милиони фунти за нови засилувања, но досегашните резултати во првенството не ги покажуваат посакуваните очекувања.

Стротман минатата сезона имаше тешка операција на коленото и на теренот се врати кон крајот на октомври.

Останува да се види, колку овие информации се точни и дали раководството на „ѓаволите“ повторно ќе го одврзе ќесето во текот на зимскиот преоден рок.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП