29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал повторно го посакува Смолинг

Арсенал повторно го посакува Смолинг

Chris-Smalling

Раководството на Арсенал се насочило кон привлекување на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг. „Топџиите“ ќе ја испратат својата понуда во зимскиот трансфер прозорец.

Интересот на Арсенал повторно се појави, поради големиот број повреди кај играчите во линијата на одбраната.

Менаџерот Арсен Венгер веќе двапати се обиде да го земе дефанзивецот, но и во двата наврати безуспешно. Првиот пат Крис Смолинг беше блиску до преминување во Арсенал во текот на летото на 2010-та година од Фулам, а вториот – во минатото лето.

Во текот на последниот преоден рок, Венгер инсистираше Смолинг да биде дел од трансферот на Томас Вермален во Манчестер Јунајтед, но „ѓаволите“ го одбија овој предлог, па Вермален заврши во редовите на Барселона.

Луис ван Гал потенцираше дека во јануари ќе се обиде да ја засили дефанзивната линија, па најверојатно тоа ќе значи дека Арсенал ќе може да се надева на трансфер на Смолинг во своите редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП