24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПобедете ја анемијата со овие намирници

Победете ја анемијата со овие намирници

brokuladieta4e564g6e

Експертите велат дека милиони жени во целиот свет страдаат од недостаток на железо во крвта, односно анемија.

Познато е дека анемијата е предизвикувач на замор, летаргија, и дека ја намалува продуктивноста. Лошо влијае на целокупното здравје и му штети на срцето. За да си го олесните овој проблем, користете ги овие намирници…

Кафеавиот ориз е богат со влакна кои помагаат при исфрлањето на токсини од организмот, додека железото од оризот се бори против анемијата.

Овесната каша е добар избор за оние кои страдаат од недостаток на железо. Започнете го денот со хранлив оброк кој ќе го подобри вашето здравје.

ovesna kasa

Компирот содржи висок процент на железо, поради што задолжително треба да го вклучите во исхраната.

Брокулите се богати со железо, што е доволна причина да изедете барем една до две порации од овој здрав зеленчук неделно.

brokuladieta4e564g6e

Јагодите се богати со железо, а содржат и витамин Ц, кој на телото му помага побрзо и полесно да го апсорбира железото.

jagodi1

Токму како и јагодите, и спанаќот содржи железо и витамин Ц, поради што задолжително треба да се најде на вашето мени.

Спанаќот и грашокот содржат железо, токму како и семките од тиква кои би требало да бидат вашите омилени грицки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП