23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали антибактериските сапуни се опасни за здравјето?

Дали антибактериските сапуни се опасни за здравјето?

antibakteriskisapuni5745

По повеќегодишни истражувања, научниците заклучија дека антибактериските сапуни не се ништо поефикасни во уништувањето на бактериите и спречувањето на болести од регуларните сапуни.

Активните материи кои се наоѓаат во нивниот состав со тек на време можат да создадат отпорност на антибиотици, како и да го нарушат дејството на хоромони во организмот. Во наредните неколку години, производителите ќе мораат да ја докажат користа на овие производи, или комплетно да ги отстранат од рафтовите во продавниците. До тогаш, корисниците треба да ја избегнуваат употребата на антибактериски сапуни.

Додека официјално не се повлечат од пазарите средствата кои содржат триклосан и триклокарбон (хемиски материи кои обично се користат во пестицидите), медицинските експерти советуваат да ги избегнувате производите кои се означени како антибактериски, антисептични и антимикробни.

Единствен исклучок се алкохолните средства за чистење на рацете, бидејќи тие не претставуваат ризик за здравјето. Обичниот сапун и водата и понатака остануваат најсигурните средства за употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП