24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептниот кросовер на Peugeot со 500 „коња“ (фото)

Концептниот кросовер на Peugeot со 500 „коња“ (фото)

quartz 1

Најновиот во низата концептни возила на францускиот производител е кросоверот „Quartz“. Оваа дизајнерска студија најавува нови стилски решенија на идните „SUV“ модели, а го придвижува хибриден систем кој произведува дури 500 ks.

„Peugeot Quartz“ во себе комбинира елементи на спортски и „SUV“ автомобил, во кој може без проблем да се сместат 4 лица.

Возилото е базирано на „EMP2“ платформата, која ја користи и новиот „Peugeot 308“, долго е 4,5 m и широко 2,06 m, a поставено е на масивни 23 инчни тркала.

quartz 2

Во изработката се користени композитни материјали со цел дополнително да се намали тежината на возилото.

Кабината е опремена со четири независни седишта, кои треба на патниците да им овозможат удобно возење.

Од „Peugeot“ велат дека за производството на седиштата за прв пат е употребен полиестер добиен од рециклирани пластични шишиња.

Особено се водело сметка за ергономијата на позицијата на возачот, а до повеќето команди може да се пристапи преку копчињата кои се наоѓаа на управувачот.

quartz 3

Погонскиот систем се состои од 1.6-литарски бензинец „THP 270“, кој е развиен во „Peugeot Sport“ одделението и два електромотори од по 116 ks (85 kW).

Моќта на бензинскиот и еден од електромоторите се пренесува со помош на шестбрзински автоматски менувач на предните тркала, додека другиот електромотор е за задната осовина. Вкупната комбинирана моќ на хибридниот систем достигнува 500 ks.

„Peugeot Quartz“ ќе има премиера на претстојниот авто-саем во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП