28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на акциите на лондонската берза по отфрлањето на шкотската независност

Скок на акциите на лондонската берза по отфрлањето на шкотската независност

berza5-564x272

Вредноста на акциите на берзата во Лондон се зголеми откако гласчите во Шкотска на вчерашниот референдум ги отфрлија независноста и отцепувањето од Велика Британија.

Денеска на пладне вредноста на акциите на ФТСЕ 100 пораснаа за 0,74 проценти, предизвикувајќи елиминирање на стравот кај инвеститорите од можниот расцеп на Велика Британија.

Британската фунта почна да се зголемува уште во моментите кога стана јасно дека сепаратистите губат на референдумот. Во однос на еврото, фунатата ја зголеми својата вредност до ниво кое е највисоко во последните две години. Подоцна скокот на британската валтута благо се намали, па сега изнесува 1,27 евра за една британска фунта.

Скокот во однос на доларот беше помал и достигна ннво кое највисоко во последните две недели. Сега за една фунта треба да се дадат 1,63 американски долари.

Акциите на лондонската берза и на берзите низ светот, како и на вредноста на фунтата, опаднаа минатиот месец, кога во еден момент, анкетите покажаа дека шкотските сепаратисти за прв пат имаа предност, наспроти унионистите и противниците на отцепувањето.

Кралската банка на Шкотска (РБС) денеска соопшти дека по поразот на сепаратистите останува во Единбург. Претходно раководството на РБС соопшти дека доколку победи опцијата за независност, банката ќе се пресели во Лондон.

Со слично соопштение сега се огласи и „Лојдс Банкинг Групата“, која е сопственик на две други шкотски банки, „Халифакс“ и „Банката на Шкотска“.

И оваа банкарска групација минатата недела објави дека ќе се пресели во Лондон, доколку Шкотска се отцепи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП