19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВашингтон му вети на Киев милијарда долари

Вашингтон му вети на Киев милијарда долари

dolari1

Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти денес дека САД му ветиле на Киев финансиска гаранија од милијарда долари за собирање на средствата на пазарите на капитал.

„Со претседателот Барак Обама е договорено дека Украина ќе добие милијарда долари во финансиски гаранции“, напиша Порошенко на Твитер,

Тој ова го објави по посетата на Вашингтон, каде ја обезбеди помошта од 53 милиони долари, но не ја убеди Америка на Украина да и испорача оружје за борбата со про-руските сили на истокот на земјата.

Украина во првата половина од годината позајми една милијарда долари на пазарите на капитал благодарение на слична ваква гаранција од страна на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП