28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкотското „НЕ“ ја зајакна фунтата

Шкотското „НЕ“ ја зајакна фунтата

F

Британската фунта утринава порасна на двегодишен максимум во однос на еврото, остварувајќи исто така скок и во однос на доларот.

Ваквите бројки следеа откако прелиминарните резултати покажаа дека Шкотска останува во составот на Велика Британија.

Во утринските тргувања во Токио, еврото се намали на 0,7809 фунти од вчерашните 0,7882 фунти и е на најниското ниво од јули 2012 година, бидејќи трговците ги поздравија резултатите кои укажаа дека Шкотска не сака независност, пренесува агенцијата Франс прес.

Фунтата се зголеми на 1,6522 долари, што е највисокото ниво од почетокот на септември минатата година, додека во однос на јенот порасна на шестгодишен максимум, од 180,16 јени.

Во изминатата недела, фунтата се соочи со распродажба, откако анкетите за јавното мислење покажаа дека повеќето Шкоти се за напуштање на 307-годишниот сојуз со Велика Британија.

„Додека ги очекуваме попладневните и конечни резултати од шкотскиот референдум, фунтата имплицира дека ќе победи таборот кој се залага за останување на Шкотска во составот на Велика Британија“, се наведува во соопштението на Националната банка на Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП