25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБучавата и пречи на перцепцијата

Бучавата и пречи на перцепцијата

tišina

Кога сте на работа постојано морате да бидете сконцентрирани, да размислувате и да донесувате важни одлуки. За сето тоа е потребен мир. Меѓутоа, сето ова може да ни го пореметат звуците кои всушност не се директни и не ги слушаме во голема мера.

По некое време, особено ако работите во компанија која е многу бучна, се навикнувате на звуците околу вас. Меѓутоа треба да знаете дека и таа бучава ве тера да донесете погрешни одлуки.

Звуците и пречат на нашата перцепција, па со само тоа и на донесувањето на важни одлуки. Звуците на кои сме навикнати исто ни пречат како и звуците кои едвај ги слушаме. Тоа може да биде сообраќајот кој се одвива пред вашата компанија, клима уредот, компјутерот или тивката музика на работното место.

Според тоа, кога морате да донесете некоја важна одлука, потрудете се околу вас да владее мир и да нема бучава која ќе ви пречи во работата, без оглед дали е тоа бучава која едвај ја слушате. Изолирајте се од се и завршете ја работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП