19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИСеверна диета: Намалете го лошиот холестерол

Северна диета: Намалете го лошиот холестерол

eating-fish1

Северната диета е алтернатива на популарната медитеранската исхрана, и како и во тој режим на исхрана и тука се овозможува консумација на месо, но не и на слатки.

Секојдневно треба да јадете овошје, зеленчук и јаткасти плодови.

Северната диета не нуди импресивно симнување на килограми, но од нејзината примена може да го симнете нивото на лошиот холестерол во организмот.

Во менито на северната диета треба да вклучите јагоди, малини, капини, боровинки, зелка, цвекло, моркови, мешунки, свежи зачини, печурки, морски плодови, харинга, лосос, алги, несолени јаткасти плодови, житарки во цели зрна и месо од дивеч.

SummerFreshFruitSaladwROASTEDWalnutandMint01

Основното правило при северната диета е да јадете риба најмалку 3 пати во неделата, а во останатите денови од неделата може да консумирате месо од дивеч, а задолжително треба да го исклучите свинското месо од исхраната.

Шеќерните производи се исто така забранети во било каква форма.

Шест пати на ден треба да јадете порција овошје и зеленчук, а само горе споменатите видови се дозволени.

Што се однесува до млечните производи, кога се обидувате да го намалите нивото на лош холестерол, е добро да намалите нивната консумација.

Додека ја применувате северната диета добро е да настојувате да се движите или вежбате барем 30 минути дневно.

Пример на мени од северната диета:

Појадок: парче ‘ржан леб, овошје или зеленчук по избор

Ужина: Јаткасти плодови, овошје или зеленчук

Ручек: Супа од зеленчук, сендвич, подготвен од ‘ржан леб со риба и зеленчук

Ужинка: Јаткасти плодови, овошје или зеленчук

Вечера: Филе од риба или пилешко филе, свежа салата

14531_l

Високото ниво на лошиот холестерол во крвта го зголемува ризикот од атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања, бидејќи тој се наталожува по ѕидовите на крвните садови и го отежнува движењето на крвта.

Максимално дозволената дневна доза на холестерол при јадењето е 250 мг, што е еквивалентно на жолчка од едно јајце или на две чаши полномасно млеко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП