28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква има подготвено санкции како одговор за ЕУ

Москва има подготвено санкции како одговор за ЕУ

rusija1rus1

Русија ќе преземе правопропорционални мерки како одговор на можните нови санкции од ЕУ, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Русија јасно објави дека ќе ги преземе соодветните мерки во согласност со оние кои ќе бидат преземени од страна на ЕУ“, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевиќ.

Во меѓувреме Кремљ најави дека санкциите би можеле да вклучуваат ограничувања на увозот на поволни автомобили, како и на одредена потрошувачка стока, но и дека Москва се надева дека на Западот ќе преовладува здравиот разум.

„Санкциите ќе вклучуваат лимит на увозот на поволни автомобили и некои типови на стока за лесната индустрија“, изјави помошникот за економија во Кремљ, Андреј Белоусов.

Тој додаде дека Москва се надева дека на Западот ќе преовладува здравиот разум и дека Русија нема да има потреба да ги воведе овие мерки.

Европските лидери се договорија денес да започнат со примената на санкциите против Русија до крајот на неделата како одговор на руската политика кон Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП