19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Тешко без рускиот пазар

Германија: Тешко без рускиот пазар

berlin9558985

Германската индустриска и трговска Комора наведува дека, поради санкциите и контрасанкциите, извозот во Русија оваа година ќе биде намален за 20 проценти, а директорот на Комората Волкер Трир прецизира дека загубата ќе изнесува седум милијарди евра.

Ако на сето тоа се додаде и падот на трговијата со Украина, тогаш загубата до крајот на годината ќе достигне износ од десет милијарди евра.

Тој истакна дека од санкциите особено е погодено производството на машини. Оваа индустрија не е оштетена само поради санкциите туку и поради непрецизно формулираните и заострени мерки за извозот.

Анкетата меѓу членовите на Германско-руската надворешно-трговска комора покажува дека 38 проценти од испитаниците се погодени од санкциите, а повеќе од половина, односно 58 проценти признаваат дека конфликтот во Украина негативно влијае на нивните бизнис.

Само една петина од испитаниците верува дека Русија поради санкциите ќе ја промени својата политика, додека 78 проценти сметаат дека Русите, наместо кон Европа, ќе се завртат кој силните држави како што е Кина, Јужна Кореја и Јапонија.

Три четвртини од испитаниците се изјасниле дека веруваат дека рускиот пазар е перспективен и атрактивен. Оние кои не се погодени од санкциите оваа година очекуваат дека бизнисот со Русија ќе биде на истото ниво од минатата година, или на подобро.

Доколку Русија ја зафати рецесија, многу германски претприемачи ќе мора да го откажат реализирањето на проектите, да воведат скратено работно време и да отпуштат голем дел од работниците.

Само осум проценти од испитаниците сметаат дека Германија е способна на Русија да и го заврти грбот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП