20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Д-р Маја Стевкова Штериева, Член на Управен одбор на Комерцијална...

Интервју со Д-р Маја Стевкова Штериева, Член на Управен одбор на Комерцијална банка АД Скопје

maja-stevkova

Денар: Како би ја коментирале финансиската состојба на Комерцијална банка во текот на оваа година. Банката со јуни 2014 година искажа загуба?

Комерцијална банка е најголем поддржувач на македонските компании и целосно ја дели судбината на нивното работење, нивниот успех или неуспех во реализирањето на одредени деловни потфати. Ако се споредат билансите на Комерцијална банка со другите две големи банки, веднаш ке се забележи различната структура во кредитирањето и тоа кај една од банките е најзастапено кредитирањето на населениете, кај друга портфолиото е комбинирано меѓу населението и компаниите, додека кај Комерцијална банка околу 80% е концентрирано кај компаниите. Од таму потекнуваат и проблемите со кои се соочува банката во последните години. Оперативните резултати на банката пред издвојување на резервациите за лоши пласмани, секој месец покажуваат подобрување во однос на претходните споредбени периоди, но проблемот настанува кога ке дојде ред на издвојување на дополнителните резервации.

Кон ова мора да се истакне дека во текот на минатата година имаше измена на регулативата на НБРМ која најдиректно влијаеше на третаманот на резервациите при наплата на побарувања со преземање на имот, со што дополнително се нагласи проблемот на покривање на лошите пласмани.

Денар: Што се презема во таа насока од страна на менаџментот и како очекувате да се заврши годината?

Пред да преминам на одговорот за активностите на манаџментот, би сакала да истакнам дека и покрај искажаната загуба банката е во многу солидна кондиција, со исклучително висока ликвидност и добивка пред резервации која овозможува да се покрие голем дел од  дополнителните резервации.

Во поглед на конкретните активности, би нагласила дека поради заштита на депонентите при ваква состојба на кредитното портфолио, забавени се кредитните активности, банката се насочува кон дисперзија на ризикот и динамизирање на кредитните активности кај населението. Со оглед на обемот на проблематични кредити кон решавање на состојбите со проблематичните кредити,  се насочени не само стручните служби од оваа област, како Секторот за кредитирање на стопанство и Секторот за правни работи и проблематични кредити, туку и членови на Управниот одбор.

Во такви околности тешко е да се предвиди како ќе се заврши годината, но секако дека во проекциите се вбројува  варијанта за завршување на годината со добивка.

Денар: Како би го коментирале нивото на каматните стапки и постојаното намалување на каматните стапки од страна на банките?

Каматните стапки во Македонија се на историски најниското ниво и тоа во голема мера е под влијание на политиката на централните банки, и тоа како НБРМ, така и ЕЦБ. Настрана од континуираното намалување на каматните стапки во изминатиот период, последниве денови се продолжува со мерки за намалување на каматните стапки. Според мене, мотивите се различни кај овие две институции, но тоа што ние како банки го чувствуваме е исто, а тоа е притисок за натамошно намалување на каматните стапки, во услови на намалени кредитни активности и кредитен ризик, кој во вакви околности неможе да се вгради во активните каматни стапки со соодветна маржа.

Денар: Споменавте зголемени активности во делот на кредитирање на наслението. За што поконкретно станува збор?

Почнувајќи од 01.07.2014 година, Комерцијална банка АД Скопје обезбедува станбен и потрошувачки кредит со најповолни услови на пазарот.

Станбениот кредит е со каматна стапка од 4,85% годишна фиксна за првите 5 години и 6,65% годишна променлива каматна стапка за остатокот на периодот на отплата за кредитoт со ЕУР клаузула. Потрошувачкиот кредит е со каматна стапка од 6% годишна фиксна за првата година и 7,65% годишна променлива за остатокот на периодот на отплата за кредитот до 10.000 евра со ЕУР клаузула.

Банката нуди одредени поволности во поглед на останатите надоместоци, како на пример 0% надомест за одобрување и администрирање за сите новоодобрени барања за станбен кредит со ЕУР клаузула  во периодот од 01.07 – 31.12.2014 и без трошоци  за процена на вредноста на инструментот за обезбедувањето за сите новодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула во периодот од 01.07 – 31.12.2014.

golema

Денар: Во колкава мера се насочени активностите на банката кон нови производи, како што се картичките, електронското банкарство, електронската трговија и слично?

Комерцијална банка посветува особено внимание на развој и промоција на нови производи. Настрана од воведувањето на нови продукти во споменатите области, во текот на целата година се менуваат различни кампањи со кои се промовираат овие производи.

Во моментот е во тек кампањата за Виза картички каде сите правни лица кои ќе аплицираат за Visa Business Debit, Visa Business Revolving или Visa Corporate деловните картички во промотивниот период од 15.8. до 30.9.2014 година, ќе можат да ги користат сите бенефиции од овие платежни инстурменти без да плаќаат членарина за првата година. Ова ослободување ќе важи за правните лица кои прв пат ќе аплицираат за картичка, но и за оние кои веќе имаат картички а ќе сакаат да аплицираат за дополнителни картички за своите вработени. Воедно, првите 100 правни лица кои во овој промотивен период ќе направат најмалку 10 трансакции и вкупен промет на продажни места од 60.000,00 денари, ќе добијат гифт-картичка за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“  во вредност од 3.000,00 денари.

Комерцијална банка АД Скопје ја објави мобилната апликација (мБанка) за iOS и Android базираните мобилни уреди за пристап до услугите, што досега беа достапни исклучиво преку веб-апликацијата на Интернет банката за физички лица и порталот на Банката. Со помош на мБанка отсега и во движење ќе може да се оствари комплетен увид во сметките и да се вршат трансфери и плаќања, без потреба од користење сигурносен токен или листа на кодови. Дополнително, со еден допир на саканата информација, ќе може да се лоцира најблискиот банкомат, најблиската експозитура или филијала, да се направи увид во последната важечка курсна листа и да се добие информација повеќе за производите и услугите на Комерцијална банка.

Апликацијата е бесплатна за користење, а доколку веќе се користи Интернет банка, истата може да се активира многу едноставно преку веб-апликацијата на Интернет банката, без потреба од потпишување нови договори, во неколку чекори опишани во упатството за работа на веб страната на Комерцијална банка.

 

Д-р Маја Стевкова Штериева

Главен Финансов Директор и член на Управен одбор на Комерцијална банка АД Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП