16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Охрид регионална работилница за зајакнување на безбедноста во цивилната воздушна пловидба

Во Охрид регионална работилница за зајакнување на безбедноста во цивилната воздушна пловидба

delovensostanok1

Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство во Охрид се одржува дводневна регионална работилница, посветена на зајакнување на соработката помеѓу воздухопловните власти и правосудните органи, како и за интензивирање на соработката во рамки на меѓународните организации по однос политиката за зајакнување на безбедноста во тој вид сообраќај.

Дејан Мојсоски, генералниот директор на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Република Македонија истакна дека во рамки на состанокот ќе се разговара за можностите за зајакнување на координацијата на институциите од државите од регионот, со акцент ставен врз соработката меѓу националните воздухоловни власти и правосудните органи во насока на поголема безбедност во авиосообраќајот.

Мојсоски истакна дека таквата политика произлегува од одлуката на Привремениот совет на „Еуроконтрол“ од 2012 година, со која се предвидува креирање политики за развој на воздухопловството врз основа на т.н. концепт за безбедност.

„Во рамки на „Еуроконтрол“ воведен е Концептот на безбедносна култура, што значи сите системски грешки и пропусти во секојдневното работење да се пријавуваат, потоа истите да се проценуваат и анализираат од сите аспекти, сето во насока на зајакнување на безбедноста во цивилната воздушна пловидба“, рече Мојсоски.

Тој укажа на потребата од законските измени насочени кон воведување концепт на неказнена средина, што ќе им овозможи на сите чинители во воздухопловството да се охрабрат да ги пријавуваат сите аномалии во системот, а притоа да бидат ослободени од чувство на вина, односно заштитени од поведување казнени мерки против нив. „Целта е да се направи систем во кој сите ќе бидат охрабрени да пријавуваат какви било неправилности и грешки, а сите последователни мерки да бидат искористувани за натамошно подобрување на безбедноста на цивилниот водушен сообраќај“, рече Мојсоски.

Раду Чопонеа, постар експерт за безбедност при „Еуроконтрол“ укажан на важноста од благовременото пријавување на сите евентуални регистрирани пропусти во процедурите при работењето, како и системски грешки и лични пропусти, оттаму што иницира преземање мерки за нивна корекција и во целина кон подобрување на безбедноста во воздушниот сообраќај.

„Независно човечката природа која наведува на прикривање на грешките, потребна е стимулација, па дури и систем на наградување на примерите за пријавување на сите погрешки.  Целта е да се создаде избалансиран систем во кој од една страна ќе се стимулира грижа за професионалноста во работењето и од друга страна да не се користат казнени мерки против оние што пријавиле системски грешки во нивниот секојдневен работен ангажман, сето во насока на зајакнување на безбедноста во водушниот сообраќај“, истакна Чопонеа.

На работилницата во Охрид учествуваат претставници на националните агенции за цивилна воздушна пловидба и на правосудните органи од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија и од Косово, како и на Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (Еуроконтрол).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП