19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови санкции од ЕУ за Русија

Нови санкции од ЕУ за Русија

Evropska-Unija

ЕУ вчера усвои пакет нови санкции против Русија, соопштија од канцеларијата на претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.

„Санкциите ќе стапат на сила во рок од неколку дена и по објавувањето во Службениот весник на ЕУ“, се вели во соопштението.

Во соопштението се наведува дека ЕУ е подготвена да изврши ревизија на договорените санкции зависно од ситуацијата на теренот во Украина.

Прекинот на огнот во Украина стапи на сила на крајот на минатата недела. Тоа е дел од планот за завршување на петмесечниот конфликт во кој, според податоците на ОН, загинале повеќе од 3.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП