29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСо подобра организација до поголем успех: Не се измачувајте, променете ја перспективата

Со подобра организација до поголем успех: Не се измачувајте, променете ја перспективата

a1

Дали некогаш сте размислувале за тоа каков претприемач сте? Започнавте свој бизнис, имате целосна слобода да обезбедите работа за себе и за другите. Но, работите не испаднаа онака како што планиравте? Не е доцна да ги промените околностите и насоките.

Можеби успеавте на себе и на своите вработени да им обезбедите добро живеење, но имате многу повеќе работни часови отколку што планиравте. Можеби сте заробени од фактот дека сте сами на себе шеф, работите нон-стоп, и сами си предизвикувате стрес. Но, не мора да се чувствувате така. Вистина, можете да си обезбедите солидни примања и повторно да имате слободно време. Само треба да знаете како ќе го постигнете тоа.

Вашиот бизнис повеќе од работа

Започнете да размислувате за својот бизнис како нешто што е одвоено од Вас, размислувајте како тоа да е некој друг свет кој треба да Ви даде повеќе отколку добивка. Исто така, Вашиот бизнис треба да ги задоволува потребите на другите.

 

Затоа поставете си ги следните прашања:

1. Како мојот бизнис да функционира без мене?

2. Како моите вработени да работат без мој константен надзор?

3. Како да го систематизирам мојот бизнис за да функционира беспрекорно?

4. Како можам да имам работа и истовремено да бидам слободен/а?

 

Познати одговори

По долго размислување, сфативте дека не ги знаете сите одговори. Еден од начините, за најдобра систематизација е можноста секоја работа да ја работите самостојно. На тој начин, ќе бидете во можност најбрзо да одговорите на задачите и да ги имплементирате решенијата. Пронајдете го најлесниот начин за извршување на некоја задача. Резимирајте ги сите работни операции во еден прирачник, кој ќе биде доволно прецизен, а функциите ќе бидат доволно разбирливи. Целта е секој нов вработен да може лесно да се снајде во новата работна средина, нормално без Ваша помош. Од кога ќе ги направите овие промени, можете слободно да се одморите и да видите како Вашата компанија ќе функционира. Вашата задача како сопственик ќе биде само надзор на прогресот на Вашиот бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП