29 март, 2024
ПочетнаДИЕТИПробајте ја оваа антицелулит диета!

Пробајте ја оваа антицелулит диета!

153757881

Со помош на оваа антицелулит диета која трае 7 дена освен што ќе намалите килограми ќе го решите или намалите (зависно од состојбата) проблемот со целулитот. Диетата е лесна за држење, нема да почувствувате глад бидејќи содржи пет оброка дневно, иако мали сепак залажуваат дека постојано сте најадени. Диетата можете и да ја повторите и максимум да ја држите 14 дена без прекин. По ваквото држење надобро е да направите пауза од 2 месеци.

1 ден

Појадок: Шолја кафе, овесни снегулки со јогурт

Ужина: Чаша цеден сок од портокал

Ручек: Салата со школки и пиперка, салата од домат и рукола

Ужина: Шумско овошје попрскано со сок од лимон

Вечера: Пилешки гради на жар со лимон, ананас по желба

2 ден

Појадок: Шолја кафе, интегрални крекери, мед

Ужина: Фрапе од кајсии и манго

Ручек: Салата со ориз, спанаќ со лимон, сорбет од лимон

Ужина: Банана

Вечера: Моцарела или свежо кравјо сирење, салата од зелен варен зеленчук, ананас

3 ден

Појадок: Шолја кафе млеко, интегрален кекс

Ужина: Фрапе од мед

Ручек: Студена супа, интегрален леб

Ужина: Кајсии или праски

Вечера: Варена бела риба, блитва зачинета со маслиново масло и лимон, интегрален леб

4 ден

Појадок: Сок од моркови, интегрална кифла

Ужина: Семки од сончоглед

Ручек: Карфиол, пилешко месо, салата по желба, интегрален леб

Ужина: Овошје или овошен сок

Вечера: Јогурт, сирење, леб, салата

5 ден

Појадок: Млеко, маргарин, џем, интегрален леб

Ужина: Овошје по желба

Ручек: Грашок, леб, салата

Ужина: Овошје или овошен сок, по желба

Вечера: Варен зеленчук, риба, салата, црн леб

6 ден

Појадок: Сок од овошје или овошје, леб за тост, сирење, маргарин

Ужина: Овошна салата

Ручек: Шницли од соја, спанаќ со компир, салата, леб

Ужина: Овошје

Вечера: Пица со зеленчук

7 ден

Појадок: Млеко, овесни снегулки

Ужина: Сладолед

Ручек: Зелка со месо, интегрален леб, салата од цвекло

Ужина: Бело кафе

Вечера: Варен зеленчук, варено месо, салата, леб

 

Намирници кои се препорачуваат

Зеленчук (најдобро свеж или варен)

Свежо овошје или свеж овошен сок

Салати (зачинете со чисти природни билни масла и вински оцет или лимонов сок)

Свежи сокови од зеленчук

Јајца (варени)

Јогурт (без овошје или додатоци)

Нискомаслено млеко

Варено или печено месо, риба

Најмалку 1,5 литри вода дневно

 

Намирници кои не се препорачуваат

Колбаси, сланина, салами

Грицки

Саламурено месо

Масни сирења и кашкавали

Пржена храна

Газирани пијалоци

Павлака

Виршли

Конзервирани супи

Силни зачини

Многу кафе

 

Антицелулит совети

– Никогаш не јадете брзо

-Јадете секогаш во исто време, така желудникот најдобро функционира

– Секогаш уживајте во храната, дури и кога постојат ограничувања

– Употребете ја фантазијата за да создадете интересни и вкусни оброци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП