23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбрзо темпо на раст на платите во Јапонија од 1997

Најбрзо темпо на раст на платите во Јапонија од 1997

japonija14

Платите во Јапонија во јули оваа година пораснаа со најбрзото темпо од 1997 година, што им помогна на потрошувачите да се справат со животните трошоци.

Просечната месечна заработка во јули, на годишно ниво, пораснала за 2,6 проценти, по јунскиот раст од еден процент, се наведува во соопштението на јапонското Министерство за труд.

Сепак, кога ќе се прилагодат со инфлацијата, платите во Јапонија во јуни се намалиле за 1,4 процетни, што е 13. последователен  месец во кој платите бележат пад.

„Најновите податоци за повисоките плати во Јапонија се добра вест на јапонската економија. Не смееме, сепак, веднаш да донесеме заклучок дека личната потрошувачка забрзува, бидејќи е можно домаќинствата во наредниот период да ја намалат потрошувачката поради загриженоста од економските перспективи, така што е неизвесно дали приходите ќе продолжат да растат“, изјави економистот Чујоши Уено.

Економијата на Јапонија во вториот квартал потона за 6,8 проценти во однос на претходниот квартал, бидејќи потрошувачите и компаниите ги намалија трошоците по априлското зголемување на стапката на данокот на додадена вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП