25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini Urus се уште чека одобрување за производство

Lamborghini Urus се уште чека одобрување за производство

lamborghini-urus-xl

„Lamborghini“ концептната верзија „Urus“ ја претстави уште пред неколку години (во април 2012-та на саемот во Пекинг), но овој модел се уште не доби дефинитивно одобрување за сериско производство.

Имено, директорот за развој и истражување во „Lamborghini“, Маурицио Региани неодамна изјави дека „Urus“ се уште не е потврден за производство и дека се чека конечно одобрување од групацијата „Volkswagen“.

Иако „Urus“ се уште не доби зелено светло, Региани верува дека тоа ќе се случи и дека неговото производство ќе започне кон крајот на 2017-та година. Исто така, тој наговестува дека „Urus“ ќе чини приближно како и „Huracan“.

„Urus“ би требало да го користи 4.0-литарскиот твин-турбо V8 мотор на „Audi“, а се споменува и хибридна верзија која би можела да располага до 500 kW/680KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП