29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.09.2014

Дневен хороскоп 02.09.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Постои опасност некои туѓи проблеми да бидат префрлени на вашиот грб. Избегнувајте кавги и долги дебати кои немаат никаква цел. Внимавајте што ви кажува некој Стрелец, реaлноста е поинаква. Не прифаќајте заеднички инвестиции.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес вашата организација одлично ќе одговори на сите зададени задачи. Одлично ќе се снаоѓате и во приватниот и во деловниот живот, а мотив ќе ви биде партнерот. Денес, оние кои се сомневаа во вас ќе ви изразат благодарност за дадената помош. Мотивацијатa ќе биде вашето најсилно оружје за постигнувањето надобри резултати.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате недоразбирања сами со себе. Сакате нешто да постигнете но ви недостасуваат финансии и поради тоа сте видно разочарани. Обидете се на некој поинаков начин, каде парите не се пречка. Во семејството владее хармонија и среќа во која вие ќе уживате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некој од вашата околина ќе ве посоветува да направите некакoв чекор напред кој има можност да ви донесе големи промени. Охрабрете се и послушајте го советот. Во овој период покрај новите проекти во кои ќе се вклучите ќе се запознаете и со нови лица кои во иднина ќе бидат вашата потпора.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате идеја и план како да се извлечете од финансиските проблеми. Ќе бидете незапирлива сила на работното место, постојано нудејќи логички решенија за проблемите. Аплаузите нема да изостанат. Бидете горди со себеси и поттикнете се да работите уште повеќе.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сакате да напредувате, сакате поголема плата и поголем успех. Но не можете сами, здружете се со колегата за побрзо завршување на работните обврски. Многу добро ќе ви одат и преговорите. Искористете го овој период и склучете добри зделки.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе бидете вклучени во многу важен состанок на кој од вас ќе биде побарано мислење. Нема да можете лесно да ги сокриете своите чувства за време на разговорите и ќе бидете пристрасни. Бидете потолерантни и потрпеливи за да избегнете несакани вербални дуели. Околината ви нуди помош, прифатете ја.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Атмосферата во семејството ќе ве релаксира и ќе ве направи среќни. Секој посакува да биде на вашето место. На работното место сите ваши проблеми потекнуваат од некоја Водолија која постојано ве попречува во изјаснувањето. Спротивставете и се со факти, соработниците ќе ве поддржат во тоа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во вас постои некое сомневање кое наскоро ќе биде потврдено. Не се разочарувајте, животот е таков. Имате сила да станете и да го пребродите тешкиот период и затоа не е потребно да се откажете. Спротивниот пол ќе ве советува да направите неколку потези, бидете внимателни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес обидете се да бидете во што поголемо друштво и да не останете сами, самотијата не е вашиот пријател. Повикајте ги колегите на заедничко кафе, со семејството бидете заедно за ручекот, а во вечерните часови контактирајте ги пријателите за задничко дружење. Овој период е поволен за остварување на профит, но не и за ризични инвестиции.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате поддршка и тоа силно го нагласувате, но никој не застанува на вашата страна. Почекајте, лицата ќе размислат и ќе видат дека вреди да ве поддржат. Имате потреба од признание дека одлично ги извршувате проектите и задачите, но тоа само вашиот партнер ќе го потврди. Тој ќе биде вашата сила и мотивација во овој ден.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Релаксирано си уживате и не сакате да знаете што се случува на работното место. Имате потреба од одмор и сите ваши задачи и планови се ставени на листа за чекање. Некоја средба со ваш поранешен близок пријател ќе ви донесе важни информации за некои нешта од финансиска природа. Внимателно каде ќе инвестирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП