19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault најавува автомобил кој ќе троши 2l/100km

Renault најавува автомобил кој ќе троши 2l/100km

renault zoe

На претстојниот саем за автомобили во Париз, францускиот производител ќе претстави експериментален концепт на возило со ултра ниска потрошувачка на гориво.

Шефот на дизајн на компанијата „Renault“, Лоренс ван ден Акер, изјави дека просечната потрошувачка на гориво на овој автомобил ќе изнесува 2 l/100 km.

Концептот е одговор на предизвикот кој пред производителите го постави француската влада, до 2020-та да направат сериски модел кој ќе ја има споменатата потрошувачка.

Ван ден Акер вели дека станува збор за целосно ново возило кое не претставува модификација на некој од постоечките модели на „Renault“.

„Концептот дури не користи ниту една од постоечките платформи, затоа што тие се претешки, а нам, покрај одличните аеродинамички карактеристики, би ни било потребно значително намалување на масата“, објаснува тој.

Ван ден Акер несакаше да открие за каков автомобил станува збор, но најави дека при формирањето на концептот се користени стилски елементи кои претставуваат мешавина на дизајн на хечбек, кросовер и спортски автомобил.

Погонскиот систем исто така засега е тајна, но логично е дека станува збор за некој вид на хибриден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП