29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Стопанската комора доделени сертификатите за доквалификација во кулинарството

Во Стопанската комора доделени сертификатите за доквалификација во кулинарството

kuvari3 35

Во Стопанската комора на Македонија денеска беа доделени сертификатите на втората група учесници во обуката „Готвач во угостителски објект“ кои се стекнаа со оваа стручна квалификација и го надградија своето знаење од областа на готварството.

Учесниците успешно ја завршија четиримесечната обука. Како што соопшти Комората, еден месец тие посетуваа теоретски предавања, еден месец практична настава, а два месеца реализираа практична работа.

Обуката „Готвач во угостителски објект“ почна во април годинава. Станува збор за верификувани програми признати од Министерството за образование и наука. Струката „Готвач во угостителски објект“ беше финансирана од Оперативниот план за активни мерки за вработување од 2014 година. Во реализацијата на планот беа вклучени Агенцијата за вработување, УНДП, Центарот за стручно образование, Центарот за образование на возрасните, како и приватни провајдери на обуките.

Бизнис центарот за тренинг и обука е првиот приватен провајдер во Македонија кој нуди акредитирани обуки за образование на возрасни. Заинтересираните лица можат да посетуваат неколку обуки од градежно-геодетска струка (фасадер, гипсер-монтер), од угостителско-туристичка струка (келнер-гастроном, готвач во угостителски објект), како и од машинска струка (аргон-заварувач), а во најбрз можен рок ќе имаат можност да посетуваат повеќе обуки и од други струки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП