19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПромена на врвот на Rovio

Промена на врвот на Rovio

rovio vrv

Финската компанија „Rovio“, која стои зад многу популарната игра за мобилни уреди – „Angry Birds“, објави дека наскоро ќе дојде до промена на чело на компанијата.

Моменталниот „CEO“, Микаел Хед, ја напушта својата позиција на крајот на годината, додека на негово место од 1-ви јануари следната година ќе дојде Пека Рантала. Иако ќе ја напушти својата сегашна позиција, Хед и натаму ќе има важно место во компанијата, односно ќе добие место во управниот одбор. Хед исто така ќе биде претседател на управниот одбор на „Rovio Animation Studios“, подружница на компанијата која се занимава со анимација и филмови.

Веста за промената на врвот на „Roviо“ доаѓа откако популарноста на „Angry Birds“ започна полека да опаѓа, а компанијата бележи се послаби финансиски резултати. Имено, минатата година „Rovio“ работеше со добивка од 26.9 милиони евра, но тоа е значително послабо од 55.5 милиони евра добивка од 2012-та година.

Новиот „CEO“, Пека Рантала, најголемиот дел од својата кариера го помина во „Nokiа“, каде пред превземањето на „Microsoft“ беше на позицијата потпретседател за маркетинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП