25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПослаби предвидувања за таблетите

Послаби предвидувања за таблетите

predviduvanja tableti2

По неколку квартални извештаи во кои е забележана послаба продажба на таблети од очекуваната, „IDC“ го намали своето предвидување за продажбата на таблети во текот на целата тековна година.

Според новите предвидувања, испораката на таблети и хибридни компјутери, кои ги обединуваат функците на таблети и класични преносни компјутери, би требало да пораснат оваа година на 6.5% или на 233.1 милиони уреди. Тоа се значително послаби предвидувања од претходно најавениот раст од 12.1%.

На пазарите во САД и Западна Европа побарувачката за таблети, практично е иста како и минатата година, додека значителен раст се уште се остварува на пазарите во развој, каде подобро минуваат уредите со пониска цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП