29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРајски зеленчук

Рајски зеленчук

boximage (3)

Само 1.500 грама домати неделно можат значително да го намалат ризикот од рак на простата, велат научниците.

Вклучете го доматот во вашта секојдневна исхрана и направете многу за вашето здравје, велат истражувањата. Дури и сокот од домати или пирето од домати можат да го поправат вашето здравје.

Научниците од универзитетите Бристол, Кембриџ и Оксфорд ги истражувале животните навики на 14.000 мажи на возраст  од 50 до 69 години. Спроведеното истражување покажало дека лицата кои јаделе најмалку препорачани порции домати неделно (800 грама) имале за 18 проценти помал ризик да заболат од рак на простата, во споредба со оние кои јаделе многу малку или воопшто не јаделе домати.

Под една порција се подразбира 150 грама домати, половина конзерва грав со домати или една чаша сок од домати. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека свежите домати се најдобар избор, бидејќи фабричките препработки од домати можат да содржат многу сол и шеќер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП