29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГалерија: BMW M4 Cabrio

Галерија: BMW M4 Cabrio

m4 cabrio

Во продажните салони пристигнува уште еден „BMW M4“, a овој пат станува збор за моделот со отворен покрив кој имаше премиера во април, на авто-саемот во Њујорк.

„BMW M4“ кабриолет е автомобил кој на купувачите им нуди чувство дека поседуваат два „М“ модели во еден.

m4 cabrio1

Сопственикот може да ужива во лесно, релаксирано возење на класичен кабриолет, но благодарејќи на тврдиот покрив, „M4 Cabrio“ за миг се претвора во возило кое има типични купе линии.

Трансформацијата од еден во друг автомобил трае 20 секунди и може да се направи во движење, се додека возилото не се движи побрзо од 18 km/h.

m4 cabrio2

Како и кај моделот „BMW M4 Coupe“, под хаубата се наоѓа шестцилиндарски 3.0-литарски „TwinPower Turbo“ кој произведува 431 ks (317 Nm) и развива максимален вртежен момент од 550 Nm.

Oд 0 дo 100 km/h, кабриолетот стигнува за 4.6 секунди во верзијата со стандарден мануелен шестбрзински менувач, односно за 4.4 секунди во моделот кој е опремен со седумстепен автоматски „М“ менувач со двојно квачило.

m4 cabrio3

Максималната брзина електорнски е ограничена на 250 km/h.

„BMW M4 Cabrio“ во Германија има почетна цена од 80.100 eвра, a на купувачите како опција им е достапен и прилагодливиот „М“ систем за суспензија со три режими: „Comfort“, „Sport“ и „Sport +“.

m4 cabrio4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП