20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалдес се сели во Ливерпул!?

Валдес се сели во Ливерпул!?

Victor Valdes

Виктор Валдес може да премине во Ливерпул како слободен играч, објави весникот „Дејли Стар“. Најтиражниот британски весник објави дека во следните последни часови на трансфер прозорецот раководството на Ливерпул ќе му испрати конкретна понуда на поранешниот голман на Барселона.

32-годишниот голман треба да ја има улогата на конкурент на Симон Мињоле, кој по заминувањето на Пепе Реина, реално нема алтернатива на голот.

Менаџерот на „црвените“ Брендон Роџерс е убеден дека договорот е реален, иако шпанскиот репрезентативец ќе сака солидна плата.

Валдес претходно имаше потпишано преддоговор со Монако, но поради тешката повреда на коленото, која ја заработи во вториот дел од сезоната, французите одлучија да не потпишат договор со шпанскиот репрезентативец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП