25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichelin ја купи бразилската компанија Sascar

Michelin ја купи бразилската компанија Sascar

sascar-michelin

Францускиот производител на автомобилски гуми „Michelin“ стана сопственик на 100 проценти од капиталот на бразилската компанија „Sascar“.

Оваа трансакција е вредна 1.6 милијарди бразилски реали (околу 520 милиони евра) и, како што се прецизира во соопштението од „Michelin“, аквизицијата опфаќа вредност од 1.3 милијарди реали и долг во износ од 247 милиони реали, пренесуваат француските медиуми.

Со 870 партнери и приход од 280 милиони реали (91 милиони евра) во 2013-та, со раст од 16 проценти, оваа бразилска компанија е лидер на локалниот пазар во дигиталното управување на флотите и безбедноста на транспортот на  стока.

Благодарејќи на оваа трансакција, „Michelin“ се надева на брз раст на бразилскиот пазар, „Sasсar“, од своја страна, очекува дека ќе има подобар пристап до големите клиенти во Јужна Америка со посредство на дистрибутивната мрежа на „Michelin“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП