25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија продолжува да изненадува

Шпанија продолжува да изненадува

shpanija1

Шпанската економија во вториот квартал порасна за 0,6 проценти во однос на претходните три месеци, забележувајќи го најбрзото темпо на раст од 2007 година.

Тоа е уште еден индикатор за закрепнувањето од рецесијата, соопшти шпанскиот Завод за статистика.

Економијата на Шпанија, четвртата по големина во еврозоната, во вториот квартал порасна за 1,2 проценти на годишно ниво, по четири последователни квартали со позитивен раст, наведува Заводот, пренесува агенцијата Франс прес.

Во првиот квартал, шпанската економија напредуваше малку побавно, 0,4 проценти, а резултатот за три месеци, заклучно со јуни, е најдобриот од последниот квартал во 2007 година, кога економскиот раст изнесуваше 0,7 проценти.

Шпанија во втората половина од 2008 година  падна во првата од двете сериозни рецесии. А од втората се извлече на крајот на минатата година.

Прелиминарните податоци во Мадрид исто така покажаа дека потрошувачките цени во август повторно се намалиле и тоа за 0,5 проценти на годишно ниво, со тоа е зголемено и стравувањето од дефлација во еврозоната. Цените претходно во јуни беа намалени за 0,4 проценти, поради поевтинувањето на електричната енергија, цигарите и храната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП