25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧичарито пристигна на „Бернабеу“

Чичарито пристигна на „Бернабеу“

chicarito pregledi

Додека целиот свет го очекува преминувањето на Фалкао во Реал Мадрид, европскиот шампион ќе го привлече напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез-Чичарито, објавија локалните спортски весници „Ас“ и „Марка“.

Мадридскиот клуб се договорил со „црвените ѓаволи“ да го земе Мексиканецот до крајот на сезоната како позајмен играч, па така тој утрово пристигна да ги изврши задолжителните медициски прегледи.

Минатата година Хернандез не беше дел од плановите на Дејвид Мојс, а изгледа историјата ќе се повтори и кај Луис ван Гал.

Од пред извесно време Реал, бара засилување за Карим Бензема. Тоа беше желбата на тренерот Карло Анчелоти по разделбата со Мората, кој отиде во Јувентус.

Во Реал продолжуваат да веруваат и во Хесе, кој сепак уште не е целосно заздравен од повредата. Затоа „белите“ бараа играч кој ќе пристигне во нивните редови како позајмен играч, кој нема да биде прв избор за напаѓач, но ќе може да заврши работа, по потреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП