17 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПаметни патики (видео)

Паметни патики (видео)

smart patiki

Хероината од филмот „Волшебникот од Оз“, Дороти, треба само да удри со своите црвени чевли и да се врати во својата куќа во Канзас, а од овој месец слично ќе биде можно и во реалниот свет.

Имено, една индиска компанија ветува дека тоа ќе го стори со новите „паметни“ патики, опремени со „GPS“, кои со помош на вибрации на сопственикот ќе му даваат упатство каде треба да се движи.

Црвените патики, кои ќе го сметаат бројот на чекори, далечината и бројот на калории, се нарекуваат „LeChal“, што на Хинду јазикот значи „земи ме со себе“, ќе се најдат во продажба од следниот месец.

Патиките со помош на „bluetooth“ ќе бидат поврзани со смартфон и со помош на „Google Мapѕ“ ќе испраќаат сигнал и ќе го насочуваат сопственикот дали треба да оди лево или десно.

Овие патики ги создадоа инженерите Кариспан Лоренс и Анирут Шарма кои својата компанија „Decere“ ја основале во мал стан во 2011-та година, а со поддршка на инвеститори сега имаат 50 вработени.

„Добивме идеја и сфативме дека ова би им помогнало на луѓето со слаб вид“, вели Лоренс и додава дека и самиот ги тестирал и тогаш помислил дека и тој би сакал да ги има. Лоренс објаснува дека патиките даваат чувство на слобода, затоа што повеќе нема потреба да се гледа во телефон или да се следи мапата.

„Паметните“ чевли веќе се наоѓаат на пазарот и им помагаат на луѓето кои страдаат од деменција и за децата чии родители сакаат да знаат каде тие се наоѓаат, но Лоренс и Шарма веруваат дека нивниот производ ќе биде наменет за сите, па така во иднина ќе се фокусираат и на дизајнот, а не само на функционалноста.

Тие велат дека досега имаат веќе 25.000 нарачки за нивните чевли чија цена се движи од 100 до 150 долари. Досега ги продавале преку препораки или преку интернет страната, а во преговори се со компании од Индија и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП