29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Нови договори за зајакнување на македонско-турскиот бизнис

ССК: Нови договори за зајакнување на македонско-турскиот бизнис

aab

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) продолжува да ја зајакнува соработката со компаниите и бизнис организациите од Република Турција.

aac

За време на престојот на делегацијата на ССК на 83. Интернационалниот Саем во Измир, Претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска потпиша Меморандуми за соработка со Претседателот на Конфедерацијата на бизнисмените и индустријалците на Турција – ТУСКОН, г. Ризанур Мерал и со Претседателот на Асоцијацијата на бизнисмени ТУМСИАД, Измир, г. Мехмед Цејлан.

На бизнис средбата помеѓу ССК и делегацијата на ТУСКОН, најмоќната бизнис организација во Турција со претставништва ширум светот, беше истакнато дека најголем интерес за инвестиции и зацврстување на македонско-турската соработка постои во секторот градежништво. За таа цел, во октомври годинава се очекува бизнисмени од Турција да ја посетат нашата земја, а во ноември нашите компании ќе имаат можност да се претстават на бизнис форум во Измир, Турција.

aad

На средбата со бизнисмените од ТУМСИАД се разговараше за можностите за соработка помеѓу македонските и компаниите од Турција, во текстилната и кондиторската индустрија. До крајот на престојот на делегацијата на ССК во Измир, претстои потпишување на Меморандум за соработка и со Асоцијацијата на млади бизнисмени на Турција, ТУГИАД.

S

Сојузот на стопански комори на Македонија заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија од 29 август до 7 септември  годинава,  учествуваат на 83. Интернационален Саем во Измир, Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП