19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Франција е на работ на колапс?

Дали Франција е на работ на колапс?

france

Невработеноста во Франција во јули продолжи да расте, и тоа девети месец по ред, така што бројот на кандидати за работа достигна нов рекорд, покажуваат податоците на Министерството за труд.

Бројот на невработени во категоријата А (без никаква активност) во јули се зголеми за 0,8 проценти или за 26,100 на 3.424.400 лица, што претставува нов рекорд, пренесува Ројтерс.

Кога ќе се додадат и останатите две групи Б и Ц, каде спаѓаат оние лица со делумно вработување, произлегува дека бројот на кандидати во Заводот за вработување е зголемен за 40.600 на 5.083.800 лица во континентална Франција, односно 5.386.600 кога ќе се вклучат и прекуморските региони.

На годишно ниво, односно, во споредба со јули 2013 година, невработеноста во категорија А е зголемена за 4,3 проценти, односно пет проценти во сите три категории.

Што се однесува на половата структура, бројот на невработени мажи (А категорија) пораснал за 0,9 проценти (+5,4 проценти на годишно ниво) и 0,6 проценти кај жените (+3,2 проценти за една година).

А бројот на невработени лица кои бараат работа подолго од една година, во јули е 1,4 проценти поголем отколку во претходниот месец, и за 9,4 проценти поголем во однос на јули минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП