29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФалкао во Јунајтед за 65 милиони евра!?

Фалкао во Јунајтед за 65 милиони евра!?

falcao_138

Каде ќе игра Радамел Фалкао? Одговорот на ова прашање ќе биде познат денес на последниот ден од трансфер прозорецот.

Синоќа се појавија информации дека Манчестер Сити и Арсенал се подготвени да дадат 70 милиони евра за да го привлечат колумбискиот голгетер на Монако. Пред „граѓаните“, сепак стои опасноста да ги нарушат правилата на финансискиот ферплеј.

Неколку часа подоцна се појави информација од Колумбија, којаго праќа „Ел Тигре“ во Манчестер Јунајтед. „TerraColombia“ тврди дека „црвените ѓаволи“ се договориле со Монако и ќе го купат Фалкао за 65 милиони евра.

Напаѓачот треба да потпише 4-годишен договор со тимот од „Олд Трафорд“. Познатиот трансфер експерт Танкредо Палмиери исто така напиша дека Јунајтед се вклучил во битката за Фалкао.

Од неа веќе испаднаа Реал Мадрид и Јувентус, кои до неодамна имаа желба да се зајакнат со 28-годишниот напаѓач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП